Научниците долго време веруваа дека светилките привлекуваат инсекти само поради светлината и топлината, но новото истражување покажа дека причината може да биде различна.
Во новото истражување, научниците опишаа како вештачките извори на светлина го менуваат однесувањето на инсектите бидејќи ја нарушуваат нивната ориентација.
Со набљудување на пеперутки, вилински и молци во близина на вештачка светлина, научниците од Империал колеџот Лондон и Меѓународниот универзитет на Флорида открија дека инсектите, наместо да летаат кон неа, всушност ѝ го свртуваат грбот на вештачката светлина.
Природното однесување на инсектите е да го свртат грбот на своето тело кон најсилниот извор на светлина – Сонцето или Месечината. Но, кога се во близина на вештачки извор на светлина, инсектите своето однесување го прилагодуваат на тој извор, пренесува Крстарица.