Данска донесе одлука за постапно зголемување на возраста за пензионирање, која до 2040 година ќе достигне 70 години. Промената ќе се реализира по етапи, со зголемување на старосната граница на 68 години во 2030 година, 69 години во 2035, а потоа 70 години до 2040 година.
Во рамките на оваа реформа, Данска ќе има една од највисоките старосни граници за пензионирање во Европа. Оваа одлука е во согласност со данскиот систем, кој ја прилагодува возраста за пензионирање со зголемањето на очекуваниот животен век.
Меѓутоа, одлуката предизвика незадоволство кај синдикатите и дел од граѓаните, бидејќи се смета дека работата до 70 години може да претставува голем товар, особено за оние кои работат во физички тешки професии. Од друга страна, данските власти веруваат дека реформата е клучна за долгорочната одржливост на пензискиот систем во услови на стареење на населението.


