in

Џони Деп повторно во улога на Џек Спероу? Подготовките за новото продолжение на „Пиратите од Карибите“

Фановите на „Пиратите од Карибите“ добија долгоочекувана информација – Џони Деп е во преговори за повторно да го игра легендарниот лик на капетан Џек Спероу во шестото продолжение на оваа филмска франшиза.

Продуцентот Џери Брукхајмер потврди дека разговорите со Деп се во тек, а во исто време се работи и на сценариото за новиот филм. Сепак, тој не наведе дека договорот е потпишан.

Иако се зборува за враќањето на Деп како Џек Спероу, новиот филм може да направи значајни промени во приказната. Според последните информации, главниот протагонист можеби повеќе нема да биде Спероу, туку нов лик, а маргинална улога може да има и Марго Роби.

Тоа значи дека Деп би можел да се појави во важна, но не главна улога, доколку преговорите успешно завршат. За сега, нема официјална потврда за конечната актерска екипа или датум на премиерата.

Последниот филм од серијалот, „Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales“, беше објавен во 2017 година, по што франшизата остана без ново продолжение.

По скоро десетгодишна пауза, враќањето на Џони Деп би можело да биде едно од најзначајните камбекови во популарната филмска серија – но во моментов, Џек Спероу сѐ уште не е официјално на бродот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

11 нови случаи на ХИВ во Македонија за еден месец: млад пациент од 20 години

Британски младенци загинаа во хеликоптерска несреќа на меден месец во Грција