Фудбалската репрезентација на Србија вечерва со натпревар против Англија ќе го започне Европското фудбалско првенство, а поранешниот фудбалер Душко Тошиќ од трибините ќе ги бодри своите поранешни соиграчи.
Сеуште легалниот сопруг на Јелена Карлеуша се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм каде објави фотографија од авионот во која позира со својата помлада наследничка Ника.
Да потсетиме, Душко Тошиќ неодамна се најде во центарот на скандал, откако на површина излезе преписката на фудбалерот со Северин.
Популарниот спортист во ексклузивна изјава за Курир откри дека контактирал со пејачката од Хрватска за да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција.
- Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да ја прославам, а моите пријатели од групата „whats’up“ ни предложија Северина да ни пее. Па, тоа е причината за мојот контакт – ни изјави тогаш Тошиќ.
GIPHY App Key not set. Please check settings