Преработеното месо и супер-слатките пијалоци се две од најопасните ултра-обработени намирници, предупредува новата студија.
Истражувачите откриле дека двата производи се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања или кардиоваскуларни болести.
Но, научниците откриле и дека некои ултра-обработени намирници (UPF), како што се јогуртот и лебот, се поврзани со помали шанси за мозочен удар, пишува The Sun.
Тимот ги проучувал податоците собрани од прашалникот пополнет од речиси 207.000 медицински сестри и други здравствени работници.
Тие ја категоризираа храната во четири групи – необработена/минимално обработена, обработени кулинарски состојки, преработена храна и UPF.
Ултра-обработената храна, која често е богата со шеќери, масти, калории и сол, а со малку влакна, потоа беше поделена во 10 групи врз основа на нивниот нутритивен состав. Истражувачите заклучија дека ултра-обработената храна е поврзана со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и срцеви заболувања.
Ова може да вклучува месни деликатеси, сланина или колбаси, како и газирани пијалоци.



GIPHY App Key not set. Please check settings