in

Еве што ќе се случи со вашето тело ако јадете кромид секој ден

Кромидот е култура позната повеќе од 5000 години. Старите Грци го сметале за свет зеленчук, и тоа со добра причина. Имено, кромидот освен што штити од настинка има и многу други корисни својства.

Кромидот содржи витамини А, Б и Ц, фосфор, железо, калциум и антиоксиданси. Овој зеленчук може да се јаде сиров или варен, без да ги изгуби своите корисни својства.

Ако јадете барем половина кромид дневно, можете да го зголемите нивото на добриот холестерол и да спречите мозочен удар, атеросклероза, срцев удар или тромбоза. Кромидот е и одлична превентива против дијабетес и инфекции.

Фосфорот, калциумот, сулфурот и силициумот во кромидот помагаат да се намали ризикот од фрактури, а сирупот од кромид ќе ви помогне да се ослободите од кашлицата. Треба само да го исечете зеленчукот на коцки и да го премачкате со мед. По неколку часа, можете да ја процедите содржината и да ја пиете течноста како сируп.

Кромидот помага и при анемија. Не само што содржи многу железо, туку помага и во неговата апсорпција од друга храна. Ако додадете кромид во вашата секојдневна исхрана, можете значително да го подобрите здравјето на вашата кожа. Ќе ви помогне да ги намалите лузните и да се ослободите од акните, а вашите нокти и коса ќе станат посилни.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Доналд Трамп без дозвола ја користеше песната Freedom во кампањата, Бијонсе ќе се жали

Значителен број на смртни случаи од рак ширум светот се поврзани со фактори кои можат да се спречат