in

Еве што предизвикува скок на шеќерот во крвта – дури и кафе на празен стомак

Иако исхраната игра клучна улога во регулирањето на шеќерот во крвта, постојат и други фактори кои можат да предизвикаат нерамнотежа на шеќерот во крвта.

Управувањето со нивото на шеќер во крвта е клучна компонента за контрола на дијабетесот. Голем дел од тоа се должи на контролата на она што се јаде, но не само храната може да го наруши шеќерот во крвта, пренесува Вечерњи лист.

Ова се некои од факторите кои можат да ја нарушат рамнотежата кога станува збор за шеќерот во крвта кај дијабетичарите:

недостаток на сон или слаб квалитет на спиење
стрес (покачен кортизол)
вештачки засладувачи
хормонална нерамнотежа
кафе на празен стомак
недостаток на хранливи материи: витамин Д, магнезиум, хром, витамини Б (особено Б12)
нерамнотежа на цревната флора
микотоксини

Високиот шеќер во крвта може да се препознае по честа жед или глад, главоболка, губење на концентрација, заматен вид, сува уста, замор и често мокрење.

Од друга страна, премногу низок шеќер (хипогликемија) ќе предизвика прекумерно потење, чувство на анксиозност, тремор, слабост, палпитации, а понекогаш и чувство на глад. Оваа состојба може да се појави поради премногу алкохол, прекумерна активност, несакани ефекти од одредени лекови или пропуштање оброци.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Кујнската алатка која сите ја користиме има повеќе од 50 милијарди бактерии

Пет изненадувачки работи што им се случуваат на жените во менопауза