in

Форд враќа уште едно легендарно име од минатото?

Она што беше Мустангот за Америка, Капри беше за Европа.

Атрактивното купе Форд Капри беше претставено во 1968 година, а благодарение на американизираниот изглед набрзо се здоби со култен статус во Европа. По повлекувањето на името, Форд не го напушти купето, но ниту еден таков модел не постигна значителен успех.

Сега Capri треба да се врати во гамата на Ford. Сепак, не се возбудувајте премногу очекувајќи некое ново спортско купе. Напротив, Ford веќе одлучи да ја откаже програмата за класични автомобили во Европа и да ги задржи само покачените (SUV/crossovers), па идејата за оживување на моделот Капри не оди подалеку од името.

Во Форд, очигледно инспирирани од успехот на Пума, решиле да го повторат рецептот.

Последните извештаи велат дека по Explorer, европскиот пазар ќе добие уште еден електричен модел кој ќе ја носи значката на Ford и ќе има технологија на Volkswagen. Тоа ќе биде вториот модел на Ford базиран на механичката платформа MEB.

Во неодамнешното интервју за британскиот Autocar , шефот на европската гранка за дизајн, Амко Ленартс, потврди дека оживувањето на класичните имиња е важна тактика на брендот.

Тој јасно посочи дека ретро дизајнот не е решението и дека е многу поинтересна сосема нова интерпретација: „На публиката и’ се допаѓа тоа што враќаме познати имиња и ги носиме на нова територија“.

Ленартс истакна дека новиот модел ќе донесе дизајнерски пробив, пред се’ затоа што претходните повратни информации беа лоши.

„Она што навистина ме повреди е тоа што рекоа дека сме досадни. И тоа беше делот во кој навистина бев вклучен“, рече Ленартс.

„Реков, во ред, мораме да излеземе со уникатни предлози: да дизајнираме автомобил кој е јасно различен, кој нуди единствена перспектива што никој друг ја нема.

Тој пресврт го најави Explorer, а сега се подготвува нов модел опишан како „спортски кросовер“.

Ленартс ветува „емотивен“, па дури и „секси дизајн“ и вели дека нема да изгледа досадно. Иако не потврди дека се работи за Капри, се’ погласни се гласините дека Форд го избрал тоа име.

Кој знае, можеби наскоро ќе се вратат Сиера, Таунус, па дури и Шкорпија.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ДЕВЕСЕТ ОДСТО ОД ЛУЃЕТО ЦЕЛОСНО погрешно ГОТВАТ ЈАЈЦА: Сите ја прават оваа грешка, а недостасува само една состојка

Дали „Мајкрософт“ ќе ја саботира „Call of Duty“ за „Плејстејшн“?