Папараците го снимиле акциониот актер Долф Лундгрен на лежерна прошетка во Беверли Хилс. Тој беше придружуван од неговата 27-годишна сопруга Ема Крокдал.

Роден е во Шведска
Инаку, актерот е роден во Шведска и е мајстор за боречки вештини. Тој беше ѕвезда во 80-тите, а се прослави со улогата во филмот Роки 4, каде глумеше со Силвестер Сталоне. После тоа, сними серија филмови, како Господарот на вселената, Пресметка во малото Токио и Универзален војник, а новото враќање на големото платно го направи во 2010 година во филмот Платеници.
Со поранешната сопруга има две ќерки
Тој ја запозна Ема во теретана во 2019 година, а нивната врска ја чуваа во тајност до јануари 2020 година, кога заедно се појавија на филмскиот и музички фестивал Кана Дорада во Доминиканската Република. Тие се венчаа во Миконос минатата година, каде што имаат вила, а на церемонијата присуствуваа само членовите на семејството и најблиските пријатели. Лундгрен зад себе има неуспешен брак со дизајнерката Анет Квиберг, со која ги има ќерките Ајда и Грета.
Тој и неговата сопруга Ема неодамна беа фотографирани на плажа во Сардинија. Со нив била и неговата 22-годишна ќерка Грета.
Исто така, познатиот актер беше главна ѕвезда на овогодинешниот фестивал Filming Italy во Сардинија, кој се одржа на крајот на јуни. Тоа е фестивал на кој се прикажуваат меѓународни и италијански филмови, серии и документарни филмови.



GIPHY App Key not set. Please check settings