Пристигнува продолжението на популарниот хорор на Нетфликс „Платформа“ од 2020 година.
Продолжението беше најавено уште во мај оваа година, а Нетфликс сега објави тизер кој даде неколку информации за вториот дел од филмот.
Филмот се појави на стриминг платформата на 4 ноември.
Во синопсисот за Платформа 2 се вели дека нов водач го презел затворот, а новите затвореници ќе научат нови трикови за да преживеат или да избегаат.
Најавени се двајца членови на актерската екипа: Милена Смит и Ховик Кеучкериан.
Многумина кои го гледаа оригиналниот филм не очекуваа дека ќе има продолжение.
„Оригиналот беше одличен, се сомневам дека продолжението ќе биде исто толку добро, но ќе го гледам“, „Ова не го очекував“, „Овој филм дефинитивно ќе биде на повисоко ниво“, „Платформата ми е една од омилените филмови“, „Не можам да чекам“, се дел од коментарите под тизерот.
„Четири години по објавувањето, „Платформа“ е сè уште многу популарен: тој е петти најгледан филм од неанглиско говорно подрачје на Нетфликс на сите времиња“, забележува Нетфликс.
Инаку, овој научно-фантастичен хорор не е за помлади од 18 години.
Оригиналниот филм Платформата е шпански научно-фантастичен хорор филм во режија на Галдер Гастелу-Урутија.
Филмот е сместен во огромен затвор во блиска иднина. Во него затворениците се сместени на подови, според кои добиваат различни третмани.
„Затворениците горе јадат многу, додека оние долу гладуваат и очајуваат. Бунтот е неизбежен“, се вели во синопсисот на филмот.
Покрај очигледната алегорија на класичната нееднаквост, филмот нуди и бројни сцени кои го вртат стомакот, вклучувајќи го и канибализмот.



GIPHY App Key not set. Please check settings