Google се согласи да плати 391,5 милиони долари на корисниците на Android и iPhone, откако голема истрага откри податоци за големо нарушување на приватноста.
Google се согласи на спогодба со 40 сојузни држави во САД, а оваа спогодба се смета за најголема повеќедржавна спогодба за приватност во историјата на земјата.
Истрагата ги разгледа наводите дека Гугл продолжил да ги следи податоците за локацијата на некои корисници и покрај тоа што корисниците се откажале, а наводно биле погодени повеќе од две милијарди корисници на Android и стотици милиони корисници на iPhone ширум светот кои користат Google.
Тврдењата за прекршување на приватноста првпат се појавија во напис на Асошиетед прес во 2018 година. Гугл се соочи со бурни реакции поради занемарување и ризикување на приватноста на корисниците, но и за наводно заработување многу пари со собирање такви чувствителни податоци.
Освен што се согласи да плати спогодба од 391,5 милиони долари со 40 американски држави, Google вети дека ќе биде потранспарентен со своите корисници кога станува збор за следење на податоците за локацијата.



GIPHY App Key not set. Please check settings