in

Што ќе биде 2023 година – година на водениот зајак?

На 22 јануари 2023 година започнува годината на водениот зајак, според кинескиот зодијак. Тогаш е и првата млада месечина во новата календарска година. Годината на зајакот ќе трае до 9 февруари 2024 година, кога ќе започне Годината на змејот.

Во кинеската астрологија, Зајакот симболизира трпение и среќа, што би значело дека Годината на зајакот ќе го донесе она што ни недостигаше во 2022 година, особено мир и успех.

Влијанието на Зајакот ќе го ублажи однесувањето на премногу импулсивните луѓе или оние кои постојано лебдат во облаците. Тоа значи дека е добро да размислиме пред да дејствуваме и така ќе имаме можност успешно да ги спроведеме сите наши планови.

Според кинескиот хороскоп, 2023 година – годината на зајакот ќе донесе помалку гнев и повеќе опуштање. Парите ќе ни дојдат многу полесно отколку во годината на тигарот (2022). Повеќето претставници на зодијакот ќе уживаат во успехот во љубовта, некои ќе можат да преминат на следното ниво во нивните кариери. Зајакот е мирен, решителен и ретко паничи. Така успева лесно да се извлече од тешките ситуации.

Ако сте родени во некоја од следните години (или ваши роднини) 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 година, значи дека сте претставник на кинескиот знак Зајак.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

GOOGLE МОРА ДА ИСПЛАТИ РЕЧИСИ 400.000.000 долари НА КОРИСНИЦИТЕ: Големата истрага е завршена и поради ова компанијата не се снајде најдобро!

Што ве очекува во љубов оваа недела?