in

Гркинка роди девојче на 54 години со замрзнат ембрион од пред 22 години

Неверојатен медицински успех доаѓа од Грција, каде 54-годишна жена стана мајка на здраво девојче, користејќи ембрион кој бил замрзнат пред повеќе од две децении.

Ембрионот, од 2004 година, бил дел од ин витро постапка и бил чуван повеќе од 22 години. Неговиот пренос во матката се случил во декември 2025 година, а жената успешно ја изнела бременоста.

Девојчето е родено во 39-та недела, со тежина од 3.490 грама. Лекарите го оценуваат овој случај како исклучителен, особено поради долгиот период на криопрезервација на ембрионот.

Приказната има и длабока емотивна позадина. Истиот метод за ин витро оплодување, жената го користела и во 2004 година за да го добие својот син, кој на жалост починал во сообраќајна несреќа во октомври 2025 година, на 21-годишна возраст.

Неколку месеци по трагичниот настан, семејството решило да ја искористи шансата со замрзнатиот ембрион. Така, во нивниот живот се појавила новата радост – девојчето кое им носи спомен на нејзиниот трагично починат брат.

Според лекарите, овој случај е еден од најдолгите документирани периоди на замрзнат ембрион кој резултирал со успешно раѓање.

Приказната предизвика големо внимание во јавноста и повторно отвори дискусија околу можностите на современата медицина, како и за емотивните одлуки што семејствата мораат да ги донесат во вакви ситуации.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Борис Новковиќ ја изненадува публиката со ново издание на хитот „У добру и злу“!