in

Хеликоптер на новинската екипа се сруши во Лос Анџелес, тројца загинаа!

Лос Анџелес беше погоден од трагедија, откако се сруши новинарски хеликоптер во населбата Чатсворт, додека екипата известуваше за тешка сообраќајна несреќа.

Во несреќата загинаа три лица, од кои двајца беа во хеликоптерот, а третото лице се наоѓаше на земјата во моментот на падот. Едно лице беше пренесено во болница.

Хеликоптерот, познат како NewsChopper4, обезбедуваше воздушни снимки за NBC4 Los Angeles и Telemundo 52. Устателството се случи нешто по 19 часот по локално време, во близина на комерцијални објекти.

NBC4 потврди дека помеѓу загинатите е и новинарката и фоторепортерка Елиана Морено, заедно со пилотот Џорџ Марциниу, кои работеле за компанијата Angel City Air.

По падот на хеликоптерот, избувна пожар кој зафати четири возила и два контејнера, а на местото на настанот интервенираа повеќе од 70 пожарникари.

Хеликоптерот бил во воздухот за да известува за претходна сообраќајна несреќа, во која SUV се судрил со градски автобус. Во таа несреќа загинаа две лица, а шест се повредени.

Водителката на NBC4, Колин Вилијамс, во живо потврди дека хеликоптерот припаѓал на нивната телевизија и ја потврди загубата на контакт со екипажот.

Причината за падот сè уште не е позната. Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB) и Федералната управа за воздухопловство (FAA) ќе ја истражуваат несреќата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЕУ планира значителни промени – деца под 15 години ќе добијат ограничен пристап до социјалните мрежи!