Европската унија работи на нови правила со цел да ја зголеми заштитата на децата на интернет, што значи дека користењето на социјалните мрежи за лица поевти помлади од 15 години ќе биде значително ограничено.
Оваа иницијатива, позната како „EU Kids Act“, има за цел да ги заштити децата од штетни содржини, прекумерна употреба на дигитални платформи и други ризици поврзани со интернетот.
Според предложениот модел, деца под 13 години ќе можат да користат само платформи што се соодветни за нивната возраст и под родителска контрола. За деца на возраст од 13 и 14 години би можеле да важат дополнителни ограничувања, меѓу кои и обврска за согласност од родителите.

