Членовите на Европскиот парламент го поддржаа законодавството со кое сите нови преносни електронски уреди ќе бараат да ја користат истата порта за полнење.
Оваа регулатива ја поддржаа 602 пратеници, 13 беа против, а осум беа воздржани.
Земјите членки треба да дадат зелено светло до 24 октомври, по што законот и официјално би бил усвоен во парламентот.
Без разлика на производителот, сите уреди, вклучително и iPhone и iPad, ќе мора да користат една порта за полнење USB тип C од есента 2024 година.
Оваа одлука важи и за лаптоп компјутерите, при што нивните производители имаат дополнителни 40 месеци да ја почитуваат оваа мерка.
Маргрет Вестагер, еврокомесарката за конкуренција, го прослави новото правило со објава на својот Твитер профил.
„Времето кога се мачевме со различни полначи ќе стане сеќавање на старите, чудни времиња на непотребно губење време и непријатности“, напиша таа.
Во 2021 година, Европската комисија предложи USB-кабелот тип C да биде заеднички влез за сите електронски уреди.
Комисијата тогаш рече дека нема намера да му наштети на Apple – кој прави сопствени порти за полнење – и дека одлуката е донесена затоа што компаниите, и покрај 10-годишните разговори, не успеале да се договорат за заедничко решение.
Технолошкиот гигант Apple е еден од најголемите производители на паметни телефони.
Кога предлогот првпат беше изнесен, Apple веднаш се откажа.
„Строгите регулативи кои наложуваат само универзална порта за полнење не поттикнуваат иновации, туку ја задушуваат“.
„Тоа ќе им наштети на потрошувачите во Европа, но и ширум светот“, изјавија тогаш претставници на Apple за BBC .
Нивните производи на iPhone (паметни телефони) или iPad (таблети) се полнат со помош на Lightning кабел, додека уредите базирани на Android се напојуваат со помош на USB-C конектор.
Новото правило опфаќа „мали и средни електронски уреди“ како што се:
- мобилен телефон
- таблета
- слушалки
- конзола за видео игри
- рекордер



GIPHY App Key not set. Please check settings