Немате идеја што да подготвите за вечера? Еве еден фантастичен предлог. Наликува на мусака и е многу вкусен.
Состојки:
Четири компири,
сол
бибер,
450 гр мелено говедско месо,
две лажички лук во прав,
две лажички слатка пиперка,
две чешниња лук,
три јајца,
малку оригано,
една павлака,
100 гр чедар сирење
Подготовка:
Исечкајте ги компирите и намачкајте ја тавата со масло. Почнете да ги редите компирите, но еден дел од компирот оставете го на страна, па зачинете го со сол. Потоа внимателно распоредете го месото врз компирите и повторно зачинете сè и посипете го со лук и мелен пипер. Исечкајте го кромидот и ставете го врз говедското месо и додадете го остатокот од компирите. Повторно зачинете сè и додадете малку масло. Покријте со алуминиумска фолија и печете на 180 степени додека не се сварат компирите, околу половина час. Јајцата се матат, се додаваат зачините и павлаката, па ренданото сирење. Истурете го целиот компир и повторно печете уште 20 минути. Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings