in

Денес го правиме, а до 2040 може да исчезне!

Замислете свет каде што не управувате со автомобил, не паметите лозинки, немате паричник и речиси никогаш не пребарувате нешто на интернет. Иако звучи како далечна иднина, дел од овие промени веќе започнуваат денес.

По брзиот напредок на вештачката интелигенција и автоматизацијата, голем дел од активностите што ги практикуваме во секојдневието би можеле до 2040 година да станат непотребни или целосно да изгледаат застарено.

Возењето би можело драстично да се измени, бидејќи со развојот на автономните возила, луѓето во иднина можеби нема да мора да управуваат со автомобилите. Наместо возач, контролата би ја превзеле системите, оставајќи ни време за работа, одмор или забава.

Колку лозинки имате во сеќавање? До 2040 година, возможно е да не треба да запаметите ниту една. Биометриската идентификација и уредите со вештачка интелигенција ќе потврдуваат наша идентитет без да вклучуваме комбинации од букви, бројки и симболи.

Плаќањето со телефони и паметни часовници е веќе вообичаено, а физичките картички и готовината ги заменуваат дигиталните методи на плаќање. Класичниот паричник може да стане предмет што младите ќе го гледаат како старомодно.

Гледано од аспект на пребарување, вештачката интелигенција сè почесто ќе може директно да ни дава одговори, наместо да внесуваме прашања и да разгледуваме десетици резултати. Тоа покажува дека начинот на кој го користиме интернетот може драстично да се промене.

Повторливите задачи, како внесување податоци и административни процеси, веќе се автоматизираат, а до 2040 година, дел од овие активности би можеле целосно да ги извршуваат системите со вештачка интелигенција.

Веќе не е прашањето дали технологијата ќе го трансформира нашето секојдневие, туку колку брзо ќе се случи тоа. Според вас, која од овие промени прва ќе исчезне: возењето, лозинките, паричникот, класичното пребарување на интернет или рутинската канцелариска работа?

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Поставен голем крст во Кочани во чест на жртвите од дискотеката ‘Пулс’

Инцидент во Блаце: Полицаец повреден при обид за запирање на криумчарско комбе