in

Инцидент во Блаце: Полицаец повреден при обид за запирање на криумчарско комбе

Вчера попладне се случи сериозен инцидент на патот од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, каде полициски службеници се соочија со напад додека спроведуваа акција против криумчарење.

На 12 септември, околу 17:15 часот, СВР Скопје примија известување дека на местото познато како „Вражји Вир“ е забележано товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со странски регистарски ознаки, кое превезува разновидна криумчарена стока.

Полицајците се обиделе да го запрат возилото, но возачот не застанал и продолжил со возењето. По кратко време, полицијата успеала да го сопре „Фолксвагенот“.

При обидот да го приведат возачот, на местото пристигнало друго возило, од кое излегло едно лице. Еден од полицајците бил физички нападнат; едно лице го фатило за раката додека друго управувало со возилото.

Во тој момент, полицаецот бил влечен со возилото, а по ослободувањето, паднал на патот и здобил повреди.

Надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на идентитетот и одговорноста на сите учесници во инцидентот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Денес го правиме, а до 2040 може да исчезне!

Лејди Гага стана мајка, а старите снимки добиваат нова перспектива