Лејди Гага сега е мајка! Познатата пејачка заедно со својот свршеник Мајкл Полански го добија своето прво дете, потврдуваат американските медиуми.
Веста првично ја објави „Page Six“, а потоа и „People“, повикувајќи се на извори од близок круг на парот. Гага и Полански биле фотографирани во Северна Калифорнија во пријатна атмосфера со своето новороденче.
Овој момент е особено интересен за фановите, бидејќи Гага не објави никаква информација за својата бременост и во последниот период го чуваше приватниот живот во тајност. Затоа, старите фотографии и видеа од нејзините настапи повторно се појавуваат на социјалните мрежи.
Под видеата од нејзини настапи, фановите коментираат дека сега забележуваат промени во нејзиниот изглед. Еден од коментарите вели: „Како никој не го забележа тој огромен стомак?“ Други корисници дискутираат дали на некои снимки би можело да се види дека Гага е бремена, но не постои потврден датум кога таа започнала со бременоста.
Вниманието сега е насочено на потполно нова страница од нејзиниот живот. Гага, позната како „Mother Monster“, сега навистина ја оствари својата најважна улога – стана мајка.
Парот е во врска од 2020 година и се свршија во 2024 година. Гага во неколку наврати изразуваше желба за мајчинство, а во 2025 година изјави дека тоа е нејзината „следна главна улога“.
Засега, тие не го откриваат името, полот или датумот на раѓањето на бебето, а од Гага не е направена официјална објава на социјалните мрежи.
Фановите сега со сосема нова перспектива ги гледаат старите снимки и се прашуваат како толку долго никој не ја забележал промената.


