На влезот во Кочани е инсталиран голем крст во чест на 63-те лица кои загинаа во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.
Овој спомен знак се наоѓа во близина на местото каде што се случи трагедијата, како траен почест на жртвите од катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година.
Металната конструкција е поставена покрај патот и е видлива од самиот влез на градот, создавајќи ново спомен-обележје за една од најтрагичните несреќи во современата историја на Македонија.
Во пожарот во „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Трагедијата предизвика длабока тага кај семејствата на жртвите, како и кај жителите на Кочани и целата земја.
Се продолжуваат активностите за целосно утврдување на одговорноста за околностите кои доведоа до трагедијата.


