Во Јаванското Море се спроведува голема спасувачка акција откако рано утрово се случи превртување на траект со 243 патници. До сега, шпасени се најмалку 102 лица, а пронајдено е и телото на еден од патниците. Потрагата по останатите патници и членови на екипажот трае.
Траектот „Вирго транспорт“, кој патувал од Сурабаја во Источна Јава до Банџармасин на островот Борнео, изгубил контакт околу 2 часот по локално време. Капетанот пријавил разбранувано море со бранови до три метра, пред да се јави за помош, укажувајќи дека пловилото се навалува на едната страна.
Според И Путу Судајана, шеф на локалната служба за спасување, операторот на бродот соопштил за проблемите, по што следел надлежниот сигнал за спасување. Иако на бродскиот список се наведени 213 патници и 30 членови на екипажот, конечниот број на патници сè уште не е потврден, бидејќи понекогаш реалниот број не се совпадна со официјалните податоци.
Спасувачките тимови веднаш пристигнале на местото на инцидентот, а помош пристигнала од најблиските пловила. До попладневните часови, спасувачите успеале да извлечат 102 лица и едно тело, а потрагата продолжува. Временските услови може да ја отежнат акцијата. Причината за превртувањето на траектот сè уште не е официјално утврдена.


