in

Како би можел да изгледа новиот Duster ФОТО

Од генерација на генерација моделите на романскиот производител се се поатрактивни.

Откако првата генерација на Duster беше претставена пред повеќе од една деценија, овој автомобил е еден од најважните модели на марката Dacia. Со испорачани 197.100 единици ширум светот во 2022 година, прифатливиот SUV сега може да се пофали со повеќе од 2 милиони продадени единици од неговото лансирање во 2010 година.

Duster беше вториот најпродаван модел на Dacia во Европа минатата година, по Sander.

Романскиот производител на автомобили на почетокот на годинава ја потврди новата генерација на Duster, а пред околу една недела се појавија и првите „шпионски“ фотографии од камуфлираното возило.

Сега, благодарение на Kolesa.ru , кој редовно објавува неофицијални рендери на претстојните модели, рано добиваме изглед на третата генерација на Duster.

Дизајнерскиот јазик на новиот Duster Dacia го најави пред неколку години со концептот Bigster.

Се очекува третата генерација на популарниот SUV да порасне малку во должина, нудејќи уште поголем простор во кабината.

Поместувањето на механичката платформа Renault-Nissan-Mitsubishi CMF-B, исто така, треба да донесе подобрувања во практичноста и функционалноста на автомобилот во однос на моделот во заминување.

Новиот Duster најверојатно ќе го видиме во полн сјај на крајот на оваа година, а продажбата најверојатно ќе започне на почетокот на 2024 година.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ПИЛЕШКО СО МЕД И СЕНФ! Потребни ви се само 3 состојки за вкусен оброк

Ова се најубавите плажи во Европа: Една е посебно изненадување