in

Како реагира нашето тело на искрена прегратка?

Не е ни чудо што луѓето се чувствуваат подобро кога некој ќе ги прегрне. Тогаш се случуваат големи промени во телото и токму тоа е причината зошто луѓето треба што почесто да се прегрнуваат.

Исто како и смеата, искрената прегратка од пријател, член на семејството, партнер или дури и целосно странец има лековито дејство врз нашето тело. Според истражувањето на американските експерти, гушкањето го зголемува нивото на окситоцин во телото. Го нарекуваат и хормон на љубовта, а одговорен е за емотивната поврзаност со другите луѓе како и со сопствените деца.

Луѓето на кои им недостига окситоцин помалку се смешкаат, живеат сами, сакаат да работат работи каде што не треба да соработуваат со другите, тешко водат неврзани разговори и всушност се најсреќни кога се сами. Жените на кои им недостасува овој хормон имаат проблеми со постигнување оргазам, а мажите тешко воспоставуваат длабоки љубовни врски.

Окситоцинот го намалува количеството на кортизол (хормон на стрес) во телото, а со тоа го намалува ризикот од срцеви и други болести.

Научниците направија мал тест со заљубен пар. По гушкање околу 20 секунди, нивото на окситоцин во нивните тела се зголемило. Тоа ниво се зголемувало и во прегратките меѓу пријателите, но количината на љубовни хормони не била толку висока како кај вљубениот пар.

– Науката покажа дека допирот има многу важно влијание врз физичкото и менталното здравје. Докажано е дека допирот го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето, го зајакнува имунолошкиот систем и ја ублажува болката. Прегратките ослободуваат окситоцин, хормон кој прави луѓето да се чувствуваат безбедно. Овој хормон го намалува нивото на кортизол и на тој начин го намалува стресот, анксиозноста и осаменоста – објасни др. Ентони Грант, психолог од Австралија кој исто така ја истражувал темата.

Тој додаде дека долгите прегратки го зголемуваат и нивото на серотонин – хормонот одговорен за доброто расположение и чувството на среќа. Затоа, гушкајте ја саканата личност што почесто!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дневен хороскоп за 02.05.2023 година!

НИКОГАШ НЕ СТАВАЈТЕ ОВИЕ ТРИ РАБОТИ ВО КАФЕТО: Ако го правевте тоа до сега, веднаш ќе престанете