70-годишен жител од Кавадарци е обвинет за злоупотреба на платежна картичка која ја нашол во туѓ паричник. Според полицијата, тој без дозвола извршил четири трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од 3.729 денари.
Случајот се случил на 5 август оваа година, кога Р.Н. по наоѓањето на паричникот ја искористил картичката без знаење и согласност на нејзиниот сопственик.
По завршувањето на истрагата, ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против него за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, а пријавата е испратена до надлежните органи за понатамошна постапка.


