in

Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли му го зададе најголемиот удар на својот татко

Шајло Џоли-Пит има план да се ослободи од презимето на нејзиниот татко, пренесуваат странските медиуми, а со тоа само тргнала по стапките на своите сестри.

18-годишната девојка објавила известување во „Лос Анџелес Тајмс“ информирајќи дека започнала петиција да се откаже од презимето Пит. Инаку, известувањето во весникот е стандарден чекор пред судот да одобри законска промена на името.

Она што го бара Шајло е да се вика Шајло Новел Џоли наместо Шајло Роман Џоли Пит.

Како што пренесува „Page Six“, Шајло го поднела барањето на нејзиниот 18-ти роденден во мај, испраќајќи порака дека не сака ништо да има со нејзиниот славен татко и дека очигледно ја фаворизира мајка си во битката меѓу Анџелина и Бред.

Како што се наведува, Шајло сама ангажирала и платила адвокатка, па оттаму Анџелина нема никаква врска со тоа.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Колку треба да го тренирате задникот за да има резултат?

Славата на Џенифер Лопез не е причина за нејзините брачни проблеми