Светилките што се користат за гел или траен лак предизвикаа загриженост кај некои бидејќи, како солариумот, тие испуштаат ултравиолетово зрачење, кое е поврзано со поголем ризик од рак.
Студијата од 2014 година објавена во JAMA Dermatology покажа дека нивото на изложеност на UVA поврзано со ламбите со гел-лак на секои две недели веројатно не е доволно високо за значително да го зголеми ризикот од рак на кожата, но тоа е нешто за што треба да се внимава.
Според Harvard Health, некои светилки се нарекуваат UV ламби, а други се нарекуваат LED светилки. И двете емитуваат ултравиолетово зрачење, главно во форма на UVA, според Американската академија за дерматологија.
Без разлика на типот на ламбата, добро е да ја заштитите кожата при оваа процедура со нанесување крема за сончање на рацете или со ставање ракавици без прсти и на тој начин да и обезбедите на вашата кожа дополнителна заштита од потенцијално штетното УВА зрачење, пренесуваат медиумите.



GIPHY App Key not set. Please check settings