Ви даваме совети во форма на 10 едноставни правила кои можат да станат дел од вашата секојдневна рутина – доколку ги следите, шансите да ја постигнете целта се ГОЛЕМИ!
10 правила за силен имунитет и витка линија:
- ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ СО ЧАША ТОПЛА ВОДА СО ЛИМОН – ќе го разбудите метаболизмот
- РЕДОВНИ ОБРОЦИ – не прескокнувајте ниту еден оброк, така го успорувате метаболизмот
- ОБРОЦИ ВО ИСТО ВРЕМЕ – важно е да појадувате, ручате и вечерате приближно во исто време, бидејќи така телото се доведува во рамнотежа
- ТРИ ГЛАВНИ ОБРОЦИ + 2 УЖИНИ – држете се до златното правило за три главни оброци со растојание од околу четири часа и две помали ужинки помеѓу нив (на пр. порција овошје околу 150 g наутро и бадеми до 30 g попладне )
- БЕЗ ГРИЦКИ – ужинките ќе ви помогнат да не чувствувате глад помеѓу главните оброци и да ја елиминирате навиката да „грицкате“ малку по малку, доколку ја имате
- ТРИ БОИ ВО ЧИНИЈАТА – повеќе бои во чинијата гарантираат разновидност во исхраната – зелена салата + црвено/бело месо + виолетово или портокалово овошје = полн погодок!
- ЧАША ВОДА СЕКОЈ ЧАС – само општ предлог, важно е да пиете до 2 литри вода дневно
- СЛАТКИ ПОД КОНТРОЛА – внимавајте на внесувањето на се’ што содржи извор на шеќер и обидете се попладнето и вечерта да ги поминете со што помалку шеќери!
- ОДЕЊЕ И БРЗО ОДЕЊЕ – верувале или не, брзото одење дава подобри резултати од трчањето, па затоа 45 минути пешачење и уште подобро брзо одење треба да бидат секојдневен дел од вашата рекреација
- ПОМОШ ОД ФАРМАЦЕВТ – не двоумете се да побарате совет од фармацевт за тоа кој додаток во исхраната може да ви помогне да го забрзате процесот на слабеење, но на здрав начин – професионалец ќе може да го препорача вистинскиот избор според вашата моментална потреба.
- Бидете упорни, бележете ги резултатите на почетокот на секоја недела и кажете ни како сте. Со среќа!



GIPHY App Key not set. Please check settings