Мерцедес годинава ќе започне со инсталирање на сопствена мрежа на станици за ултрабрзо полнење на батериите на автомобилите во Германија и Франција, а првите ќе бидат готови во третиот квартал, изјави шефот на одделот за мобилност Франц Рајнер.
Покрај тоа, компанијата има намера да инсталира 20 станици во САД во 2023 година, секоја со повеќе полначи, изјави Рајнер за агенцијата dpa во петокот.
До крајот на деценијата, Мерцедес треба да постави 10.000 свои станици за полнење електрични возила во светот, од кои 2.000 во Европа и САД, а останатите во Кина и на други важни пазари.
Клиентите на компанијата ќе имаат приоритетен пристап, односно можност за резервација на полнач со моќност до 350 KW.
Инвестицијата е вредна милијарди евра, рече Рајнер.
„Инфраструктурата за полнење сè уште има инвестициски потенцијал“, додаде тој. „Мерцедес нема да може да го покрие светот со брзи полначи и тие се само додаток на постоечката инфраструктура.
Мерцедес доста доцни во светот, па дури и на домашниот пазар на полначи за е-автомобили. Американскиот ривал Тесла, според сопствените податоци, веќе има околу 45.000 станици во светот.
Само во Германија, владата има намера да инсталира еден милион јавни станици за полнење до 2030 година.



GIPHY App Key not set. Please check settings