in

Корисни зачини за здравјето на мозокот

Секојдневно користиме билки и зачини на еден или друг начин кога станува збор за начинот на исхрана. Ги додаваме во пијалоци и јадења бидејќи го збогатуваат нивниот вкус. Знаеме и дека голем број на зачини се покажале дека имаат големи придобивки за нашето здравје. Некои од нив се особено корисни за мозочната активност. Погледнете кои.

Куркума

Уникатниот зачин со топла портокалова боја е познат по своите антиинфламаторни ефекти. Куркумата е богата со антиоксиданс куркумин, кој и дава антиинфламаторни својства и затоа е корисен за здравјето на мозокот. Западните истражувања покажуваат дека куркумата може да помогне во борбата против развојот на Алцхајмерова болест со „чистење“ на мозокот од бета-амилоидни протеини кои формираат плаки кои се наоѓаат во мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест. Може да го спречи и распаѓањето на нервните клетки во мозокот, веруваат научниците.

Мелиса

Некои студии покажуваат дека маточината е одлична за ублажување на анксиозноста и стресот, но има корист и за когнитивната функција. Содржи розмаринска киселина, соединение познато дека го подобрува квалитетот на сонот кај несониците.

Според една студија објавена во The Journal of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry, редовното консумирање на маточина помогнало да се подобри здравјето на мозокот кај пациенти со блага до умерена Алцхајмерова болест. Можеме да консумираме маточина во вид на чај, да го додадеме во готвењето или да го земаме во вид на додатоци во исхраната, секако по консултација со лекар.

Се смета дека маточината помага и при рамнотежа на холестеролот, варење, херпес и гастроинтестинални проблеми.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ВАНИЛИЦИ КОИ МНОГУ ЌЕ ГИ САКАТЕ! Рецепт од кујната на БАБА!

Кои се шансите да го вратите хакираниот профил на Facebook