in

ВАНИЛИЦИ КОИ МНОГУ ЌЕ ГИ САКАТЕ! Рецепт од кујната на БАБА!

Секоја домаќинка многу добро знае дека колачите според рецептите на нашите баби, се доста тешки за правење. Затоа го избравме најдобриот можен начин да ги подготвиме највкусните ванилици

Овој оригинален рецепт ќе ви ја открие таа слатка мала тајна – начин да ги направите зрната ванила да се стопат во устата.

Состојки:
250 гр путер или 200 гр маст
4 лажици шеќер
1 жолчка и
сок од едно цело јајце и рендана кора од лимон 500 гр
брашно (или 100 гр мелени ореви и 400 гр брашно)

Подготовка:
Се матат путерот или маста додека не почнат да се пенат, па се додаваат жолчките и едно цело јајце, сокот и ренданата кора од лимон. Сега прелијте ги брашното и шеќерот, замесете тесто и оставете го малку да отстои.

Потоа расукајте ја кората на набрашнета даска дебела околу половина до еден сантиметар, а потоа со калап исечете ги во округла форма. Се редат во подмачкан плех и се печат на 180 степени околу 15-20 минути, внимавајте да останат бели.

Печените ванилици премачкајте ги со џем и соединете ги две по две, па наросете ги со шеќер во прав со мирис на ванила.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Тојота ја менува својата стратегија

Корисни зачини за здравјето на мозокот