Можете да го послужите и како независно јадење во топлите денови
Состојки:
- 4 средни модри патлиџани * 300 мл грчки јогурт * 3 чешниња лук * свеж сок од половина лимон * малку маслиново масло * сол
Подготовка:
- Модрите патлиџани избоцкајте ги со вилушка, ставете ги во рерна и печете околу 50 минути на 200 степени. После тоа излупете ги и ситно исечкајте ги.
- Додадете сок од лимон и маслиново масло и посолете по вкус. Потоа додадете ситно сечкан лук и на самиот крај измешајте го јогуртот.
- Сè нежно измешајте за да се соединат состојките, изладете го во фрижидер и послужете.
GIPHY App Key not set. Please check settings