in

Малиот Ефнан ја победи тешката болест на Клиниката во Скопје

Клиниката за детски болести во Скопје беше исполнета со радост поради победата на малечкиот Ефнан. Придружуван од семејството, тој гордо стоеше пред победничкото ѕвонче, кое означи крај на неговиот тежок период.

Со насмевка и храброст, Ефнан го притисна ѕвончето, а звукот повторно одекна низ Клиниката, овојпат во знак на една значајна детска победа.

Од Клиниката за детски болести споделија овој емотивен момент преку Фејсбук, упатувајќи му искрени желби на малиот херој: „Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше, за сите да слушнат дека нашиот херој Ефнан храбро ја помина и ја извојува тешката битка. На Ефнан му посакуваме многу здравје, среќа и безгрижно детство!“

Нека ова ѕвонче значи почеток на едно ново, исполнето и безгрижно детство за Ефнан.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Саша Мирковиќ сподели детал од својот ден во Сараево, обврски и средување пред враќање во Белград

Промена на времето: Пад на температурите и дожд