Сокот од нане е здрав и освежителен, а лесно се прави.
Природниот сок од нане е идеално освежување за време на топлите денови. За овој здрав и вкусен напиток потребно е да земете свежо нане и внимателно да го измиете.
Состојки:
300 грама свежо нане
3 кесички сок од лимон
3 литри вода
2 килограми шеќер
Подготовка:
Свежото нане измијте го со ладна вода, а потоа ситно исечкајте го.
Потоа измешајте со пет лажици шеќер и сок од лимон и убаво изматете со раце.
Прелијте со три литри вода и оставете да отстои 24 часа.
После тоа, процедете го сокот преку газа и додадете шеќер.
Оставете го да отстои 24 часа за да се раствори шеќерот.
Мешајте повремено.
Истурете го во стаклени шишиња. Пред сервирање, разредете го сокот со вода.



GIPHY App Key not set. Please check settings