Оскар Нилсон, археолог кој реконструира лица стари неколку илјади години, покажа како изгледала жена од каменото доба.
4.000 години жената лежела во гроб обложен со камен, во средината на шумата во североисточна Шведска. Таа веројатно ги следела миграциите на животните низ дрвјата и покрај реката Индалсалвен. Кога починала во триесеттите, од непознати причини, била погребана со едно момче, најверојатно нејзиниот син, кој се проценувал на околу седум години.
Сега се префрламе во 2020 година, кога на Оскар Нилсон, археолог кој прецизно користи глина и реконструира лица стари неколку илјади години, му пријдоа кустоси од музејот Вестерннорландс во Шведска. Музејот имал два скелети, ископани пред еден век, од село познато како Лагмансерен, пренесува Nationalgeographic.com.
Двојката од каменото доба биле најстарите скелети пронајдени во таа област на Шведска, каде што суровите услови обично не дозволуваат ништо да се зачува. Музејот создаваше изложба која следи 9.500 години човечко живеење во Шведска и сакаше на посетителите да им го покаже најстарото лице од север – жената од Лагмансерен. Но, како би изгледало нејзиното лице?
Во текот на изминатите 20 години, Нилсон стана пионер во реконструктивната археологија, оживувајќи повеќе од сто одамна мртви човечки предци. Градењето на овие лица, нему и на милионите што ги гледаат неговите реконструкции во музеите ширум светот, му дава портал на минатото.
Нилсон исто така опиша како ја доживеал оваа млада жена:
-Не се чувствува загрозено, се чувствува како дома и гледа во момчето. Се чувствува безбедно, но и речиси малку самоуверено. „Иако е мала, не би сакале да се плеткате со неа“, вели Нилсон.
На Нилсон му беа потребни 350 часа за оваа реконструкција. Кога завршил, жената била облечена во животинска кожа, направена со техники на камено доба од колешката на Нилсон, Хелена Ѓаерум.



GIPHY App Key not set. Please check settings