Ријана со партнерот АСАП Роки и нивниот деветмесечен син, чие име се уште не го открила, се појавија на насловната страница на британскиот Вог , но не сите се воодушевени од фотографиите.
Имено, на некои од фановите воопшто не им се допаднала нејзината фризура и сметаат дека косата изгледа „изгорено“, но мнозинството коментирале дека овие фотографии се „премногу темни“.
„Сè е толку црно, мислам дека ова не е најдобриот избор за позирање со бебе“, „Никогаш не сум видел потемни семејни фотографии“, „Вог овој пат згреши. Ова изгледа како сет од хорор филм “, „Ова не дава никаков впечаток на нежно мајчинство како што треба“, „Морбидно, сатанизира сопственото дете“, беа критиките.
На фотографијата која е избрана за насловна, Ријана гордо оди напред додека зад неа е нејзиниот партнер кој носи машко бебе. Некои веруваат дека пејачката изгледа доминантно.
„Јасно е кој носи панталони во оваа врска“, „Ова ми изгледа како да има две деца“, пишуваат незадоволните обожаватели.



GIPHY App Key not set. Please check settings