in

Топчиња со кокос и бело чоколадо

Слатки закуски за љубителите на кокос.

Состојки:

– 100 гр кокосово брашно

– 300 гр бело чоколадо

– 1,5 дл слатка павлака

– кокос за тркалање

Подготовка:
Чоколадото искршете го на коцки.

Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие, па прелијте ја врз чоколадото. Мешајте додека да се растопи чоколадото и да се соедини со кремот.

Измешајте го кокосот во смесата со чоколадо и крем, па оставете го да се излади на собна температура. Кога смесата ќе се олади, ставете ја во фрижидер еден час.

Извадете ја смесата од фрижидер. Земете ја смесата со лажица, па со раце обликувајте ја во топка која потоа ќе ја виткате во кокос. Продолжете додека не ја потрошите смесата.

Топчињата можете да ги ставите во мали хартиени корпи, а потоа во метална кутија. По обликувањето, мора да ги чувате на ладно место.

Пријатно!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Од сакана до омразена – Ријана ги згрози обожавателите: „Морбидно, го сатанизира сопственото дете“ ФОТО

Истражувањето откри кои седишта во авион се најбезбедни