in

Отворена листа на нарачки за најсилното BMW во историјата

BMW ГИ ОТВОРИ пред-нарачките за специјалниот XM.

За сите оние кои не можат да се наситат од бескрупулозниот XM, постои специјално издание. Да потсетиме, огромниот XM се нуди со моќен хибриден погон од 653 КС, а стартува по цена од околу 170.000 евра. За оние кои сакаат повеќе, постои Label Red верзија.

Како и кај послабата верзија, ова е исто така хибриден погон. Екологијата секако не е високо на неговата приоритетна листа, но вреди да се каже дека се работи за хибрид кој се полни. Точните бројки не се познати, но BMW претходно соопштуваше 748 КС и 1000 Nm. Ова значи дека XM би можел да достигне 100 km/h за помалку од 4 секунди. Да потсетиме, станува збор за возило тешко над 2,5 тони.

Цената не е позната, се споменуваат околу 200.000 евра, но не се сомневаме дека нема да биде продаден. Од BMW не потврдија колку единици ќе произведат, но дефинитивно се работи за ограничена серија. Со оглед на тоа дека XM е првиот самостоен М модел по m1, не се сомневаме дека ќе биде баран автомобил.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Ова се петте најљубоморни хороскопски знаци. Дали сте меѓу нив?

Се врати: Пума најави нова соработка со Ријана