in

Пет загинати и 67 повредени во напад со руски дрон во Павлоград

Најмалку пет лица загинаа, додека 67 други се повредени откако руски дрон погодил трговски центар во украинскиот град Павлоград.

Нападот зафати и неколку продавници и возила, а министерот за внатрешни работи Иван Вихивски истакна дека инцидентот се случил во момент кога улиците биле полни со луѓе.

Според украинските медиуми, пред неколку дена, руски воздушни напади беа извршени над два трговски центри во Запорожје и Суми.

Истовремено, Русија објави дека украинско беспилотно летало нападнало туристичкиот град Сочи во ноќта на средата, при што 28 лица биле повредени, а три лица загинале.

Новите напори за мир, кои ги иницираа претставници испратени од американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот, засега не дале конкретни резултати по разговорите во Москва со Путин и во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Повторно кулите-близначки над Њујорк – 2.977 дронови ги оживеаја!