Денес, по речиси 25 години од трагичниот 11 септември 2001 година, Њујорк повторно ги доживеа кулите-близначки, оваа пат на небото во блескава светлосна инсталација создадена од илјадници дронови.
На 9 септември, над пристаништето на Њујорк беа лансирани точно 2.977 светлосни дронови, при што секој дрон симболизираше една од жртвите на терористичките напади од 11 септември. Во текот на перформансот, светлосните точки градираа низ небото, на крајот формирајќи ги познатите контури на кулите.
Инсталацијата, наречена „2,977 Lights Over New York Harbor“, ги прикажуваше кулите во нивната оригинална висина и пропорции, создавајќи неверојатна слика над хоризонтот на градот.
Бројот на дроновите не е случаен; 2.977 луѓе ги загубија своите животи во нападите од 11 септември 2001 година. Овој проект е создаден како почит кон жртвите и нивните семејства, со учество на семејства на жртви и први одговорни лица.
Овој спектакуларен момент над Њујорк се одржа непосредно пред одбележувањето на 25-годишнината од најтрагичниот терористички напад во историјата на САД, потсетувајќи на загубените животи и трагедијата која трајно го промени градот.

