Познатата старлета повторно прогласи банкрот и должи на државата 761.994 фунти.
Кејти Прајс неодамна имала закажан судски датум за неплатени даноци, но таа не се појавила.
Со оглед дека постапката во овие случаи подразбира нејзино апсење, полицијата веќе распишала потерница. Сепак, и покрај тоа што е банкрот, таа се упати во Турција, каде што ќе биде подложена на уште една операција на лицето.
Како што кажа претходно, не се плаши од финансиски колапс бидејќи го знае решението.
„Не се плашам од банкрот како досега затоа што можам да видам излез. Ако ми земат материјални работи, знам дека можам да ги вратам. Ќе станам ескорт дама ако треба, не за да спијам со мажи, туку само за друштво, би бил со нив. Мислам дека би била добра во тоа“, вели таа во својата книга „Ова сум јас“.
Да потсетиме дека Кејт стекна голема популарност со учеството во реални шоуа, а надалеку е позната како јавна личност со најголем број на естетски корекции.
Првата процедура ја направила кога имала само 19 години. По тој повод ги зголемила градите, а потоа следеле низа интервенции. Направила липосукција на половината, бразилско подигнување на задникот, зголемени усни, јаболчници, ботокс, лифтинг на лицето, а се шпекулираше дека го оперирала и носот. Како што објавија медиумите, таа е зависна од пластични операции, а тоа е причина и за нејзините финансиски проблеми.



GIPHY App Key not set. Please check settings