Спасувачите во Турција од урнатините успеале да извлечат две преживеани жени, кои биле закопани 122 часа по разорниот земјотрес.
Станува збор за Менексе Табак (70) и Машала Чичак (55), кои беа извлечени од под урнатините на зграда во Дијабакир, пренесуваат медиумите.
Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија надмина 24.000, соопштија локалните власти.
Турската агенција за управување со вонредни состојби утринава соопшти дека бројот на жртвите од земјотресот во Турција се искачи на 20.665, додека властите во Сирија соопштија дека во таа земја животот го загубиле 3.553 лица, пренесува Си-Ен-Ен.



GIPHY App Key not set. Please check settings