in

Промени на кожата кои укажуваат на опасна болест

Дијабетесот е хронична болест во која нивото на гликоза (шеќер) во крвта е покачено. Како што објаснуваат лекарите, оваа болест може да зафати многу делови од телото, вклучувајќи ја и кожата. Кога дијабетесот влијае на кожата, тоа често е знак дека нивото на шеќер во крвта е превисоко.

Затоа, лекарите советуваат дека во случај да забележите некој од следните предупредувачки знаци на вашата кожа, веднаш да отидете на преглед. Имено, истражувањата покажале дека нелекуваниот дијабетес може да доведе до многу други здравствени проблеми како што се кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања.

Промените на кожата кои може да укажуваат на дијабетес кај луѓето вклучуваат:

  • жолти, црвеникави или кафени дамки на кожата,
  • темни дамки на кожата,
  • тврда и задебелена кожа,
  • плускавци,
  • кожни инфекции и воспаленија,
  • рани кои не зараснуваат долго време,
  • ненадејна ерупција на мали, црвеникаво-жолти испакнатини,
  • црвени мозолчиња или испакнатини слични на осип,
  • екстремно сува кожа со чешање,
  • жолтеникави лушпести дамки на и околу очните капаци.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дневен хороскоп за 28 април 2023 година!

Колку шолји кафе дневно се добри за здравјето?