in

Пронајден најстариот фосил на оса во светот

Најстариот фосил на оса во светот е откриен во швајцарскиот кантон Тичино, кој датира од пред 239 милиони години, пренесува РТС.

Остатоците од оса која живеела пред повеќе од двесте милиони години биле пронајдени при ископувањата, кога биле откриени 248 фосили од инсекти, пренесува швајцарски swissinfo.ch, пренесува РТС.

Фосилот на оса бил откриен за време на палеонтолошките ископувања од страна на тим од Кантоналниот природонаучен музеј Тичино во градот Лугано, објавија локалните власти.

Пронајдените фосили датираат од времето пред диносаурусите, а ова откритие дава увид во еволуцијата на одредени групи инсекти по масовното истребување на крајот на Перм – пред 251 милион години.

И покрај малите димензии од само два милиметри до 2,5 сантиметри, фосилите се исклучително добро сочувани.

Благодарение на ова, истражувачите можат подетално да ги проучуваат морфолошките детали, што дава важни информации за еволуцијата на инсектите.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Почина најпознатиот геј пингвин Сфен

Новите мерења открија и потврдија постоење на електрично поле околу Земјата за прв пат