in

Словенечките туристи во кампот на Муртер добија необични дамки на телата

Група словенечки туристи забележале необични дамки на нивните тела додека престојувале во кампот на Муртер. Иако некои веднаш помислиле дека се работи за бубачки, докторот на една од жените кои ги испратиле фотографиите на словенечки 24ur.com се сомнева дека виновникот може да биде песочна мушичка која пренесува лајшманиоза.

Загрижените словенечки туристи од Муртер ги споделија своите искуства со необични каснувања во група на Фејсбук. Според нив, дамките кои се појавиле не само што се шират и отекуваат, туку и страшно горат и неверојатно чешаат.

Еден од членовите на групата рекол дека уште од првиот ден нешто го мачи во изнајмената приколка. Отпрвин мислеле дека се работи за бубачки, па постелнината ја измиле темелно, ја третирале со пареа и користеле разни средства за заштита од инсекти. Но, ништо од тоа не помогна, бидејќи каснувањата не стивнуваат, туку ги имало се повеќе, а дамките почнале да се шират.

Семејството ја посетило болницата каде им препишале антибиотици и антихистамин и купиле крема која требало да помогне. Во четвртокот и пишав на мојот личен лекар, таа беше единствената што рече дека можеби е „песочна мушичка““, напиша таа, но објасни дека работата не е потврдена, дека засега се само шпекулации.

Слични дамки добиле и еден сосед и уште неколку луѓе во околината. Дури ни репелентите не помогнаа. Бидејќи ситуацијата била неподнослива, тие предвреме го завршиле одморот.

„Поминав дел од ноќта во итната медицинска помош, примајќи интравенски лекови. Точките болат, чешаат, горат. Психички и физички сум исцрпена“, напиша една Словенка и објасни како дошла до заклучок дека единствено решение е да се вратат дома, иако им било тешко бидејќи биле на долгоочекуваниот и платен одмор.

Жената раскажала и како само еднаш почувствувала печење и забележала мала проѕирна „мува“ која и излетала од ногата, пренесува Индекс.

Во коментар се огласија уште неколку туристи кои имаат слични искуства. „Утре се враќам на лекар, закажуваме тест за лајшманиоза“, вели еден соговорник на словенечкиот портал.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Како одложувањето на алармот влијае на телото? Го нарушува здравјето на цревата, кожата и репродуктивните органи

Ако ги чувате овде, вашите банани ќе траат многу подолго