Во необична спасувачка акција што се случила во Куљера, близу Валенсија, Шпанија, коњ бил пронајден заробен во едно езерце и не можел сам да излезе.
На местото пристигнале пожарникари и специјализирана спасувачка единица. Откако било утврдено дека теренот не овозможува безбедно извлекување по копнен пат, бил ангажиран хеликоптерот MV6-R од Провинцискиот конзорциум на пожарникари на Валенсија.
Пожарникарите прво го обезбедиле коњот со специјален појас, а потоа хеликоптерот го подигнал и успешно го пренесол на безбедно место.
Акцијата завршила успешно, а коњот бил во добра состојба и му бил предаден на сопственикот, кој присуствувал на целата интервенција. Снимките од ова необично спасување брзо привлече внимание, особено моментот на подигањето на коњот од водата.


