Последната Ford Fiesta ќе се произведува во петок во фабриката на Ford во германскиот град Келн.
Од 1976 година, произведени се околу 20 милиони примероци од овој модел, речиси половина од нив во Германија – прво во Сарлуис во близина на француската граница, а потоа во Келн.
Успешната приказна на Fiesta е далеку од завршена, напиша компанијата во 2016 година, на 40-годишнината на моделот. Сепак, нејзиното време истече.
Ова е пресуден момент за Форд. Стариот Форд ја напушта Европа, а пристигнува новиот, електричен Фордизјави експерт од индустријата Фердинанд Дуденхофер.
Таа автомобилска компанија моментално инвестира речиси 2 милијарди евра во фабриката во Келн за нејзина преобразба во фабрика за производство на електрични автомобили. Првиот од нив ќе биде лансиран на крајот на оваа година.
Fiesta беше особено популарна во јужноевропските земји како Италија и Грција, рече Даднхофер. Неговата продажба беше најголема во раните деведесетти, по што популарноста на тој модел опадна.
Дуденхофер се сомнева дали Форд ќе игра толку голема улога во автомобилската индустрија со кој било модел на автомобил како што имаше со Fiesta.
Преминот кон електрични автомобили ќе биде огромен потфат за Fordзаклучува експертот, а пренесува агенцијата dpa.





GIPHY App Key not set. Please check settings