И МИНАТАТА година Тојота заврши на тронот како најголем светски производител на автомобили.
И 2022 година заврши со повеќе од 10 милиони продадени примероци. Поточно, станува збор за 10.438.024 примероци, во кои спаѓаат и останатите брендови во групата, Lexus, Daihatsu и Hino. Ако го споредиме резултатот со претходната година, Toyota сепак забележа благ пад од 0,1%. Реално, Toyota го достигна нивото од 2018 година, кога беа испорачани малку повеќе единици, но не како рекордната 2019 година со испорачани 10.742.122 единици.

На второ место е Фолксваген, кој се уште не се опорави од последната криза, но и покажа дека дефинитивно повеќе не учествува во трката. Профитот е единственото нешто што е важно, па Фолксваген продал „само“ 8.262.800 возила, што е пад од 7%. Најголем пад е забележан во Централна и Источна Европа и тој изнесува дури 10,6%. АД
На трето место е Џенерал Моторс. Американскиот гигант беше најголемиот производител на автомобили во светот цели 77 години, до 2008 година. Од 2016 година, кога испорача 10,01 милиони возила, бележи значителен пад, па 2021 година ја заврши со испорачани 6,3 милиони возила. Податоците за 2022 година сè уште не се познати.
Групацијата Hyundai Motor, која ги вклучува Hyundai, Kia и Genesis, се бори за третото место и пријавила испорака на 6.848 милиони возила.



GIPHY App Key not set. Please check settings