Дилара е позната под корисничкото име @jednaturkinja, а покрај интересните животни ситуации, смешните видеа, културните разлики меѓу Турција и Босна, таа со задоволство на својот профил споделува практични совети и традиционални турски рецепти.
Таа во една прилика покажа како се прави вистинско, пенливо турско кафе.
Ова се упатствата на Дилара:
Прво измерете ја водата за една шолја, истурете ја во тенџерето, па додадете една лажица кафе. Промешајте кратко, но продолжете да готвите без мешање, а кога ќе зоврие, со лажица соберете ја пената и ставете ја во подготвената шолја. Потоа повторно ставете го тенџерето на оган и почекајте кафето повторно да зоврие, а остатокот додадете го во шолјата. Ќе забележите дека постапката е сепак поинаква во однос на домашниот начин на варење кафе и дека пиеме појако кафе, пренесува Крстарица.
@jednaturkinja pjenasta turska kafa❤️ kako mi kuvamo tursku kafu?
♬ orijinal ses – jednaturkinja



GIPHY App Key not set. Please check settings