Вселенскиот дрон на американската армија X-37G слета денеска во воздухопловната база Кејп Канаверал на Флорида, по речиси две и пол години во орбитата, објави американскиот производител на авиони Боинг.
Беспилотниот шатл, чиј прв лет се одржа во 2010 година, помина вкупно повеќе од десет години во вселената за време на своите шест мисии, додаде Боинг.
„Продолжува да урива рекорди и и дава на нашата земја неспоредлива способност за брзо тестирање и интегрирање на новите вселенски технологии“, рече потпретседателот за вселенски прашања на Боинг, Џим Чилтон.
Авионот е долг девет метри, распон на крилата од 4,5 метри, а се напојува со соларни панели.



GIPHY App Key not set. Please check settings